Совети и финти

Биди и ти привлечен ова лето

Бодибилдингот е форма на модификација на телото со вклучување на мускулна хипертрофија.
Некој луѓе ова го сметаат како хоби,а други како професионална активност.  И во двата случаја, станува збор за губење на масти и зголемување на мускулната маса. Бодибилдингот датира од далечната 1880 година. Кога станува збор за бодибилдингот како спорт, постојат три основни категории: професионален, натурален и женски. Но, како што веќе спомнавме многу луѓе се занимаваат со бодибилдинг како хоби. Ова хоби може да ви помогне да изгледате привлечно и неодоливо кога ќе решите да се појавите во костим за капење или во тенките летни парчиња облека, кои се неминовни за сезоната што следи.

ENERGY PLUS (Комплекс од витамини и минерали) 90 капсули

Еве неколку чекори како да станете бодибилдер:

1. Намалување на масти во телото
Ова е всушност подготовка на телото пред почетокот на калсичните бодибилдинг вежби. Тука станува збор на намалување на мастите, преку намалување на количината на внесени калории во телото. На овој начин најпрво се губи дел од мускулната маса. За подобар ефект се препорачуваат аеробични вежби (вежби со помал интензитет, но со подолго времетраење).

2. Зголемување на мускулите
По “чистењето” на телото од масти, следи зголемување на мускулната маса. Ова се постигнува на три начини:
-билдерски тренинг
-исхрана
-одмор.

Билдерски тренинг
Оваа фаза се состои од класични билдинг вежби. Тоа кај нас може да се направи во било кое бодибилдинг-фитнес студио. Тука станува збор за два вида на вежби. Едните вежби се однесуваат на зголемена повторливост на вежбите, а другите на постепено зголемување на товарот што се крева. Исто така, вежбите се однесуваат на различни делови од телото, како што се: врат, рамена, гради, бицепс, мускули на подлактицата, стомак, квадрицепс, листови на нозете, грб (горен, среден и долен), трицепс, задник, мускулите на задниот дел од натколеницата и сл. Вежбите се прилагодуваат на една индивидуа во договор со тренерот од студиото.

Исхрана
Глобално гледано на човек кој се занимава со бодибилдинг му требаат повеќе калории во споредба со луѓето што имаат иста тежина, а не се занимаваат со ова хоби, односно спорт.
Исхраната се состои од внесување на јагленихидрати, протеини и масти, кои го зголемуваат нивото на енергија и воедно ја зголемуваат мускулната маса. Комбинацијата на овие состојки најмногу зависи од целта што сака да ја потигне бодибилдерот.

Јаглехидратите се важни во исхраната бидејќи даваат енергија. Ове соединенија го помагаат излачувањето на инсулин, кој пак е важен за зголемување на мускулите и синтетизирањето на протеините. Без јаглехидрати (односно полисахариди, кој побавно се варат), не е можно зголемување на мускулите. Не се препорачува нивно конзумирање во ноќните часови.

Протеините е препорачливо да се внесуваат неколку пати во текот на денот, а посебно пред и по вежбање и пред спиење. Овие супстанци се најзастапени во: пилешко, мисиркино, свинско и телешко месо, риба, јајца, млечни производи, јаткести овошја, некои семки (како соја), грав и леќа.

Бројот на оброци во текот на денот е исто така многу важен. Најдобро е да се јаде од 5 до 7 пати на ден, притоа внесувајќи еднакво количество на калории.

Додатоците во храната се исто така важен дел од исхраната. Тие ќе ви помогнат да бидете сигурни дека внесувате се што ви е потребно, ја зголемувате силата и се заштитувате од повреди. Постојат најразлични видови на суплементи: протеини, минерали, мулитивитамини и сл.

Одмор
Многу е важно да ги посетувате редовно тренизите и да правите различно комбинации на вежби. Но исто така, еднакво важно е да спиете доволно и да правите пауза помеѓу одењето на вежбање. Па така, доколку вежбате од понеделник до петок, сабота и недела нека ви бидат денови за одмор.

За крај не ви преостанува ништо друго, освен да ја одберете теретаната која најмногу ви одговара, да земете лесна облека, крпа и шише со вода и да почнете со подготовките на вашето тело за летото кое доаѓа.

Што вие може да додадете за бодибилдингот?

Ознаки: , , , , , , , , , , , , ,

5 коменари на “Биди и ти привлечен ова лето”

  1. On June 15, 2011 at 11:51 am Klinka responded with... #

    Super statija, dosta citavme kako samo devojcinjata da bidat zgodni ;) baska deckoto na slikata e….bombona :)

  2. On June 15, 2011 at 12:22 pm ivica responded with... #

    like

  3. On June 15, 2011 at 12:58 pm Bojan responded with... #

    Фино е бе… Треба 7 пати на ден да се јаде??? Јас јадам по два – три пати

  4. On June 15, 2011 at 1:04 pm бана responded with... #

    не сакам билдери ама ич/……али сакам дечко ми да биде среден некое моделче ко тој на сликата….иначе браво што на некој му текна да им посвети внимание малце и на машките околу изгледот летово:)

    • On June 16, 2011 at 1:23 pm kosta responded with... #

      mora malce sekoj da si povodi smetka za svoeto telo bravo super statija

Твое мислење

CommentLuv badge