Облечи, покажи, соблечи
Дали некогаш се запрашувате како да го одберете најсоодветниот костим за капење? Доколку некогаш сте се запрашале, можеби нашиве совети ќе ви помогнат при изборот ова лето.
Најважно од се е да го одберете костимот кој најдобро ќе ви го истакне телото.
Најчести модели за машката популација се: долги бордерски шорцеви, куси шорцеви (како што носат одбојкарите) и класични купаќи ( оние што личат на машка долна облека).
1.Долги бордерски шорцеви
Ова е најзастапената појава на машките на плажа, посебно оние од помладата популација. Овие купаќи ги има во сите можни дезени, од хавајски цвеќиња до натписи. Но, не заборавајте дека: овој модел е пред се за помлади луѓе, може визуелно да ве направи понизок, комплетно ви ги покрива нозете( а доколку не сте знаеле и женските сакаат убави, долги нозе) и 90% од луѓето на плажа го носат.
Одлучете се за овој модел само доколку сте висок и слаб. Доколку имате “пивско стомаче” не ни помислувајте на вакви купаќи. Исто така, одлучете се за светли бои само доколку имате убаво градено тело.
2. Куси шорцеви
Овие купаќи можете да ги најдете во две варијанти. Едната е- купаќи кои целосно ќе ви бидат припиени за телото. Направете го овој избор ако имате атлетско тело. На овој начин уште повеќе ќе ги истакнете вашите најдобри атрибути.:)
Втората опција е да купите кратки купаќи кои се малку пошироки. Вака, вие ќе изгледате повисоко, повитко и позаводливо. Со тоа што ќе ги разголите вашите нозе, го одвлекувате вниманието од вашето стомаче. За да го постигнете истиот ефект можете и да купите костим во некоја потемна боја. Кога сме кај боите, јаките бои ве прават да изгледате повисок.
Доколку имате понизок раст, одбегнувајте премногу шарени дезени, бидејќи тие ја истакнуваат разликата меѓу половината и колената.
3. Гаќички
Повторно, овој модел е наменет за луѓе што имаат убаво градено тело. Овие купаќи придонесуваат да изгледате послаби и повисоки, како и да го истакнете вашиот задник ( а, кој не сака убав задник?:)).Немојте да мислите дека овие купаќи се демоде. Оваа сезонa тие се враќаат на “голема врата”.
Добитна комбинација за цела плажа да гледа во вас, се манкините на Борат:).
На вас останува да одберете што сакате да носите ова лето.
Не заборавајте, изберете го моделот во кој ќе се чувствувате најсигурно.
Бидете самоуверени и уживајте во деновите на плажа.
Кој е вашиот избор?


Gotta with the first1
dolgite sorcevi se profi
mi se svigaat vo sekoja varijanta ali ipak speedo kupaka si e najbollji:)