Совршен костим за капење за совршено лето
Топлите летни денови се веќе тука. Сите чекаме што побрзо да излеземе на плажите и базените. Како тогаш да изгледаме прекрасно? Сигурно знаете дека формата на вашето тело е клучен фактор за тоа кои типови на костуми најмногу ќе ви прилегаат. Пронајдете се во една од четирите форми на телото и искористете ги советите за совршен изглед на плажа во вашите костими за капење.
Форма на тело – песочен часовник
Ако се пронајдете во оваа група изберете горен дел со прерамки (слични како оние на долната облека) или пак горен дел во вид на топ. Долниот дел од костимот за капење нека го истакнува вашиот “бразлиски” задник. Може да ставите и тенка марама или колан околу половината.
Форма на тело – Правоаголник ( банана)
Основно за оваа форма на тело е истакнување на половината и прикривање на рамената. Избегнувајте горни делови без прерамки и со хоризонтални линии. Карактеристично за оваа форма на тело е рамниот задник, па затоа задолжително носете костими кои умешно ќе го прекријат.
Форма на тело – Крушка
Поголемата нагласеност на вашиот долен дел е основна карактеристика на оваа форма а тело. Затоа, пробајте да привлечете внимание со горниот дел од телото носејќи костими со набори, флуросцентни бои и шари. Долниот дел од костимот треба да биде во потемна боја, без многу шари, дезени и детали.
Форма на тело – Јаболко
За девојките со тело во форма на јаболко важи следново: задолжително носење на костими во една боја и избегнување на пренагласените дезени и детали. Кусите фустанчиња и ниските апостолки се полн погодок за понагласено издолжување на вашата линија.


Покрај формата на телото голема улога игра и самиот костим за капење. Постојат најразлични видови на костими за капење за жени: едноделни, бикини, танкини, монокини, буркини. Бикините се совршен модел за девојките кои имаат витко тело. Во овој случај вие слободно може да си поиграте со деталите, шарите и украсите или пак да одберете костим во светла боја. Девојките пак, кои се малку пополнички треба да носат едноделен костим за капење со потемна боја и без дополнителни детали. Или пак, одберете некој костим со посветли линии од страните кои ќе создадат илузија за потенко тело. Носете костим со длабоко деколте и заврзете некоја марама, појас или панделка околу половината. Бидете во тренд оваа сезона и оставете впечатлив изглед на плажа.
Кој модел ви прилега најмногу и кој тип на костими за капење вие го преферирате?


ne mozam da spodelam sovet za zal, konecno znam so kupaki da oblecam do lani se kriev so peskiri po plazi:)
abe sekoe zensko telo e ubavo ne go krijte…toples macinja!!!
jas samo znam deka odvratno e mlada devojka vo edno delen kostim mene bar mi e odvratno