Секојдневие, Совети и финти

Како утрото да ви стане омилениот дел од денот – 5 корисни совети

По утрото денот се познава. Првите 30 минути имаат огромно влијание врз остатокот од вашиот ден. Наместо да пцуете се живо кога ќе го слушнете алармот секое утро, вметнете ги следните 5 навики во вашата дневно-утринска рутина и секој ден ќе ви започнува во подобро расположение.

 

1. Snooze копчето е строго забрането!

Повеќето од нас го местат алармот да ѕвони порано, со изговор дека ќе станеме порано, но реално за тоа време ќе притиснеме Snooze неколку пати. Овие мали интервали на сон го само го исцрпуваат организмот, и на крај се будиме изморени и раздразнети. Заменете ја оваа лоша навика со една многу подобра – наместете го алармот да ѕвони точно во времето кога мора да станете, ни порано ни подоцна, и соберете сили да станете без да притиснете Snooze. После некое време, ова ќе ви премине во навика и ќе се чувствувате горди на самите себе што сте извојувале мала победа над Snooze копчето :)

 

2. Првите 5 секунди…

Кога надвор е темно и ладно, ви треба инспирација за да се разбудите наутро. Првото што треба да го направите е да го разбудите и поттикнете умот. Прочитајте инспиративна мисла или цитат, сетете се на своите цели или направете си табла со инспиративни слики и мисли. Нека тоа биде првото нешто кое ќе го погледнете кога ќе се разбудите, пред да посегнете по телефонот, четката за заби или далечинското.

 

3. Размрдајте се

Додека мозокот ви бил активен цела вечер, телото ви било во мирување. Најдобриот начин да ја поттикнете циркулацијата за да се разбудите е да се размрдате со растегнување или неколку едноставни јога вежби.

 

4. Водете дневник на мисли

Одделете барем 15, 20 мин секој ден за размислување, пишување и брејнсторминг. Наместо веднаш да бидете вовлечени во секојдневните притисоци, одговорности и проблеми, неколку минути тишина и посветеност на сопствените желби и цели може да ви го даде потребниот фокус и мотивација, како и чувство на смиреност во текот на целиот ден.

 

5. Појадувајте

Сигурно сте го слушнале ова и порано – појадокот е најважниот оброк во денот! Студиите покажуваат дека речиси 40% од луѓето го прескокнуваат појадокот. Бенефитите од појадокот се добро познати – ги држи нивото на енергија и шеќери во крвта стабилни, и со тоа ќе избегнете прејадување подоцна во текот на денот. Избегнувајте пржена сланина, виршли, тестенини и зашеќерени корнфлекси и појадувајте нешто едноставно како овошје, житарици или протеински шејк.

 

Ако ги направите сите овие нешта, ќе ви додадат дополнителни 20 до 30 минути на вашата утринска рутина. Половина час наутро не е малку, но гледајте на тоа како инвестиција за попродуктивен ден. Сето ова ќе ве направи поздрави, ќе ви даде повеќе позитивна енергија и чувство дека ја држите контролата над вашиот живот.

 

Ознаки: , , ,

No comments yet.

Твое мислење

CommentLuv badge