Најпознатите алкохолни пијалоци ширум светот
Ако сакате да оставите добар впечаток во земјата каде што патувате, една од главните работи е да ги пробате локалните пијалоци, па и да знаете по нешто за нив. Ви претставуваме селекција од најпознатите алкохолни пијалоци од земји ширум светот.
Саке – Јапонија
Сакето е омилен пијалок во Јапонија а датира од седмиот век кога првото саке било направено во кралската палата во Kyoto, и оттаму се проширува низ сите Јапонски острови. Јапонците го викаат “нихоншу”, а овој проѕирен алкохол е всушност вино направено од ориз со процент на алкохол од 15 до 17%. Сакето е најдобро кога се служи разладено, иако Јапонците често го сервираат и затоплено.

Guinness, Ирска
Совршената кригла пиво Guinness се точи за 119.5 секунди. Точењето пиво е вистински ритуал, а идеалната температура на која треба да се служи е 6 степени. Пиварницата на Guinness се наоѓа во Даблин и една од најпознатите туристички атракции во градот.
Chimay, Белгија
Во Белгија се произведуваат повеќе од 450 видови на пиво, и за секое од нив се моделира посебна чаша. Темното пиво е вистински специјалитет, најчесто е со повисок процент на алкохол, а се призведувало уште пред неколку векови во манастири за религиозни обреди и церемонии. Најпознато пиво од ваков тип е Chimay, кое се служи во чаша која личи на пехар.
Absinthe и Becherovka, Чешка
Absinthe, познат уште и како “зелената самовила”, со своите ефекти слични на опиум бил инспирација за многу уметници како Ван Гог, Ернест Хемингвеј и Оскар Вајлд. Откако бил забранет во многу европски земји, овој пијалок стана заштитен знак на клубовите во Прага, каде што единствениот конкурент му е Beherovka, јак хербален пијалок направен со ароматични тревки и зачини, со таен рецепт кој го знаат само двајца луѓе во светот.
Burgundy, Франција
Вината од Burgundy имаат специфични карактеристики и квалитет кои се резултат на богатата почва во регионот на источна Франција. Вината мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, за да можат да бидат продавани како вина од контролирано потекло. Винариите во овој регион првично биле поседувани од црквата , за подоцна да бидат поделени на народот според законот на Наполеон.
Caipiroska, Бразил
Овој едноставен коктел се состои од вотка, зелен лимон и шеќер. Во мала чаша прво свежиот лимон се меша со 2 лажички шеќер, се додава мраз и квалитетна вотка.
George Dickel Tennessee виски, Америка
Назад во 1870тата, George Dickel сфатил дека вискито кое се прави во зима е “помеко” и “помазно”. Исто направил специјален микс од пченка, јачмен и ‘рж како основа за својот пијалок. Двапати дестилирано и оставено во дабови буриња да стои и до 12 години, доброто виски има процент на алкохол од 40 до 45%.
Вотка, Полска
Полска е една од земјите кои ја сметаат вотката за национален пијалок, и таму се произведуваат неколку дузина различни видови од овој алкохол. Како и да е, сите се прават од скроб и внимателно се филтрираат и рафинираат. Масовното производство на вотка во Полска почнало во 16тиот и сега е еден од најизвезуваните продукти во земјата, а најпознатиот бренд на вотка е Žubrovka.















